Во длабок сад се матат јајцата со вилушка. Се додава во нив киселото млеко, се промешува, се додава брашното со прашокот за пециво. На крај се додава сецканата шунка и солта и биберот.
Оваа смеса се става во тавче бр. 26 премачкано со зејтин.
Одкако убаво ќе се распореди во тавчето одозгора се реди доматот исечен на кришки и сирењето исечено на коцки.
Се поросува со сусам, ленено семе и оригано.
Се пече во загреана рерна на 180 степени околу 30 -35 минути.
Кога ќе се испече се остава малку да се излади и потоа се сервира.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови