За подготовка на тестото потребно ни е во сад пенасто да го матиме путерот и шеќерот, па го додаваме јајцето и повторно матиме.
Го додаваме млекото, па брашното со пецивото и замесуваме тесто. Најдобро е за ваквите пити, тестото пред употреба, мора да одстои најмалку 60 мин во фрижидер.
Во меѓувреме го приготвуваме филот, сливите ги ставаме во сад, ставаме шеќер и ги оставаме на одстојат 1 час. Потоа ги ставаме на оган, го додаваме гризот и мешаме додека да се згусне. На крај го додаваме чоколадото и путерот.

Откако тестото убаво ќе се излади го делиме на три дела, два поголеми и еден помал за резанките одозгора врз тестото.
Со оклагија го истегнуваме едниот дел и го ставаме во плех во форма на круг или каков и да имате. Ставаме половина од филот, го истегнуваме и другиот дел го ставаме одозгора, па го нанесуваме останатиот дел од филот, па одозгора траките распоредете ги над филот по ваша желба.
Печете на загреана рерна додека не порумени отприлика 30 мин на 180 степени

Забелешка
Секоја рерна е различна, еве мојата за да печи како 180степени ја подесувам на 200. Вие најдобро си ја познавате, подесете ја како мислите дека треба.

Бидејки не е сезона на сливи, јас имав една кеса замрзнати сливи што ми останаа па решив да ги искористам и не зажалив, превкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови