1. Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер ги матиме со миксер, да се стопат шеќерите, го додаваме маслото и киселото млеко, изедначуваме.
2. Го додаваме брашното, пецивото и циметот (претходно просеани заедно).
3. Во смесата ги додаваме 12-те ситно исечкани црни (модри) сливи, мешаме со шпатула.
4. Во тавче бр.26 обложено со хартија за печење, истураме 1/2 од смесата и врз неа го распоредуваме ренданото чоколадо, а потоа го дотураме останатиот дел од смесата.
5. Одозгора ги редиме 5-те црни (модри) сливи исечкани на кришки.
6. Колачот го ставаме во загреана рерна на 200 степени да се пече 20 минути, а потоа намалуваме на 180 степени и печеме уште 40-тина минути, но за секој случај проверуваме со чепкалка.
7. Штом се излади колачот-торта го посипуваме со шеќер во прав и служиме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани