Сакам да напишам дека со рецептот за основата со која се премачкуваат корите не се однесува само за слатки пити, туку и за солени. Значи - основата е иста, а филот со кои ќе ги мотате корите е по ваш избор. Напишав тука предлози, а секако важи да вие си ставате фил за кој сте сигурни дека вашето семејство го сака. Денес кај мене беше тиквена баница, од која и се спремав да ја направам.

1. Во сад ставете го млакото млеко, додадете ги квасецот, солта, шеќерот, зејтинот и брашното, разбркајте и нека стаса.
2. Земате една од корите и премачкате со стасаната смеса, врз неа ставете уште една кора, - исто така премачкајте ја, па ставете ја третата кора, премачкајте од смесата. На вака спремани трите кори ставете од филот кој што сте го спремале и замотајте ги како ролат, наредете ги во плекчето како ролати или можете во округол плех и да ги мотате како полжав. Од смесата доколку ви остане, а треба да ви остане, премачкајте ги сите кори одозгора. Оствете уште 20 мин, да стаса и печете во загреана рерна на 200 степени. Слатките пити или баници, посипете ги со шеќер во прав.

ФИЛ ОД ТИКВА
1. Исчистената тиква изрендајте ја, овкусете со шеќер по ваш вкус и пржете ја на зејтинот додека не испари целата течност. Тргнете од огнот, додадете зачиниките и оставете да олади. Со оладен фил се филуваат корите.

2. ФИЛ ОД ЈАБОЛКА
1. Изрендајте ги јаболката, овкусете ги, нека постојат малку, истискајте ги и зачинете. Можете да додадете рендана кора од лимон, циметот и суво грозје, како и ореви. Останува на ваш избор.

ФИЛ ОД СПАНАЌ
Исчистениот спанаќ испржете го, тргнете од огнот, додајте сирење или урда, јајца... филувајте корите.
Понатаму, значи сфативте... смесата за премачкување е овде најбитното, останатото што се однесува до филовите, филувајте со фил кој најповеке си го бендисувате вие.
Вака ги спремам питите подолго време - а рецептот ми е од моја драга пријателка Руми- која користам прилика и одовде да ја поздравам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани