Подготовка

1. Во длабок сад изматете ги јајцата со киселото млеко, па додадете ги брашното, пецивото, шарената сол, куркумата и хималајската сол. Матете уште неколку минути да добиете еднолична смеса. Додадете ги дробеното сирење, ситно сецканиот праз и спанаќ. Промешајте убаво со лажица.

2. Смесата ставете ја во намастен калап или тава за печење и печете на 200 степени околу 15- 20 минути.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани