Испечати

Пита со праз, спанаќ и сирење

Пита со праз, спанаќ и сирење

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 мл кисело млеко
  • 180 гр брашно
  • 6 гр пециво
  • 1 страк праз
  • 50 гр спанаќ
  • 50 гр сирење
  • 1 кафена лажица шарена сол
  • 1 кафена лажица куркума
  • 1/2 кафена лажица хималајска сол

Подготовка

Подготовка

1. Во длабок сад изматете ги јајцата со киселото млеко, па додадете ги брашното, пецивото, шарената сол, куркумата и хималајската сол. Матете уште неколку минути да добиете еднолична смеса. Додадете ги дробеното сирење, ситно сецканиот праз и спанаќ. Промешајте убаво со лажица.

2. Смесата ставете ја во намастен калап или тава за печење и печете на 200 степени околу 15- 20 минути.

На здравје