Пита со праз и сусам (посно)
Посна пита која се подготвува без многу мачнотија, а сепак по желба може да варира и во мрсна опција. Убава за појадок или за било кое време во денот.
1. Топлата вода, квасецот и прстофат шеќер се мешаат и отстојуваат малку.
2. Потоа се додаваат маслото, солта, брашното, сувиот зачин, шарената сол и чубрицата. Се меша сето со лажица.
3. Се додава исечканиот на кругчиња праз, исечканиот магдонос (за мрсна варијанта сирење или изварка) и се измесува добро.
4. Во намастена тава бр.30 се плеска рамномерно тестото, се посолува со многу сусам одозгора и малку ленено семе, со прсти се натапкува убаво, и се остава да нарасне 15-20 минути.
5. Се пече на 200 степени 20 минути и уште 10 минути на 180 степени.
Се сече подизладено.
Наместо праз може да се стави пресно кромидче или спанаќ
Лиценца: Сите права се задржани