1
јун
2020
Пита со мелено месо
Најпрво се подготвува филот. Кромидот ситно се сечка и се става да се пржи во намрсена тава на оган. Се додава меленото месо. Откако ќе се испржи се додава мешан сув. Се трга на страна да подолади.
Со жица за матење се мутат јајцата, се додава, јогуртот, зејтинот, брашното, солта и пецивото.
Оваа смеса се истура во првоаголен плех (40х20), намачкан со зејтин и набрашнет. Врз ова смеса рамномерно се распоредува од филот со меленото месо. А врз филот се нанесува од преливот од јајца и кисела павлака, и се наросува оригано или иситнет свеж магданос.
Се пече околу 20-25 минути во рерна загреана на 200 степени .
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови