Испечати

Пита со мелено месо

Пита со мелено месо

Состојки

  • 4 јајца
  • 200 мл. јогурт
  • ½ филџан зејтин
  • 3 филџани брашно тип 400
  • 1 филџан пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 пециво
  • Потрбено за фил
  • 300 гр. мелено свинско месо
  • 1 главица кромид
  • 1 лаж. вегета (зачин Ц)
  • Потребно за прелив
  • 2 јајца
  • 200 мл. кисела павлака

Подготовка

Најпрво се подготвува филот. Кромидот ситно се сечка и се става да се пржи во намрсена тава на оган. Се додава меленото месо. Откако ќе се испржи се додава мешан сув. Се трга на страна да подолади.
Со жица за матење се мутат јајцата, се додава, јогуртот, зејтинот, брашното, солта и пецивото.
Оваа смеса се истура во првоаголен плех (40х20), намачкан со зејтин и набрашнет. Врз ова смеса рамномерно се распоредува од филот со меленото месо. А врз филот се нанесува од преливот од јајца и кисела павлака, и се наросува оригано или иситнет свеж магданос.
Се пече околу 20-25 минути во рерна загреана на 200 степени .