По овој рецепт можете да направите и мафини, да ја изливате смесата во калапи други по кои вие ќе мислите дека се декоративни, куглови, округли форми, правоаголни... секое парче да биде засебно или така целосно излиена...
Припремата е многу лесна
Најрпво спремете го филот
- Ставете на малку масло да се пржи месото, додадете го морковот, киселите краставички и овкусете со зачини. Нека олади.
Тесто
- со миксер лесно сматете ги јајцата, додадете го брашното во кое сте го додале и измешале пецивото, додадете сол.На крај ставете и магдоносот. Повеќе од половина од филот ставете во тестото, излијте го во припреманата модла која е лесно подмачката и побрашнета (ако е силиконска не мора) Посипете одозгора со остатокот од филот.
- Нека се пече во претхдоно загреана рерна на 200 степени околу 20 мин. но вие проверувајте, различни рерни, различно печење.
Послужете топли, а вкусни се и ладни.
Напомена
- Ако ставате во модли за мафини полнете ги до 2/3 бидејки нараснува.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани