Подготовка:

1. Во длабок сад на оган, на средна температура, ја ставаме киноата, претходно измиена во ладна вода. Ја додаваме водата и вариме со повремено мешање додека не испари водата.

2. Во длабок сад ги ставаме јајцата, ги матиме со вилушка. Го додаваме јогуртот, сирењето, листовите од цвекло и сецканиот праз. Промешуваме. Ги додаваме сварената киноа, сол, пециво, мелено ленено семе, мелени сусам и семкит од тиква. Промешуваме.

3. Смесата ја ставаме во сад за печење обложен со хартија за печење, со димензии 20х20. Врз смесата ставаме сусам. Печиме на 180 степени околу 35-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани