Пита со зелка и праз
Од состојките се замесува тесто, на помеко и се разделува на 4 еднакви дела. Топчињата од тесто се размесуваат уште 2 пати, се набрашнуваат и се оставаат да одстојат околу 45 мин, во кеса на собна температура.
Во меѓувреме се подготвува филот. Се сецка на ситно зелката и празот. Прво се пропржува празот на масло, а потоа се става и зелката и се мешаат. Подготовката трае одприлика половина час, бидејќи на зелката и треба повеќе време додека да омекне и се зготви. На крај се додаваат сецкани суви пиперки, може предходно потпечени и црн бибер. Може да се употреби и лут буковец, зависно од вкусот.
Одкако ќе одстои замесеното тесто, се зема едно топче. На масата предходно имаме ставено чаршав. Се расукува на тенко тестото и одозгора се става масло, се размачкува за да впие добро во тестото, а потоа се тегне со раце, почнувајќи од средината кон краевите. Најубаво е со врвовите од прстите да се фати тестото и полека да се растегнува. Низ растегнатото тесто се пропрскува масло и страничните делови се преклопуваат и се формира правоаголник, така што прво се преклопува пошироката страна, па потенката. На пошироките две страни се става од филот. На средина се пресекува тестото надолжно и со помош на чаршавот се витка во ролат. Ролатот се реди во тава за печење. Може да се наредат во круг или надолжно, изборот е ваш.
Се пече на 220 степени, околу 15-20 мин додека да зарумени.
Овој вид на пита, според мене е најубав, бидејќи филот од зелка и дава посебен шмек на самата пита.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови