
Пита со готови кори и мелено месо
1. Најпрвин ситно го сецкаме кромидот и го пржиме, потоа печурките ситно ги сецкаме и ги додаваме во кромидот заердно да се попржат па го додаваме меленото месо,
2. При крај на пржењето додаваме сол и црн бибер.
3. Откако филот е готов во квадратено тавче( премачкано со масло ) ставаме една кора која ја попрскуваме со масло и кисела вода, врз неа ја ставаме втората кора и неа ја попрскуваме со масло и кисела вода, над неа ја ставаме третата кора и неа ја попрскуваме и врз неа ставаме од филот, така редиме се додека не се потроши филот ( три кори па фил), одозгора завршуваме со кора.
4. Откако ќе ја наредиме питата ја сечиме на коцки и ја ставаме да се печи на температура од 200 степени 20-30 минути.
5. Откако ќе биде испечена се прелева со претходно изматените јајца и павлака и се враќа во рерна да се потпечи.
Лиценца: Сите права се задржани