Полесно - здравје,
Чаша = 250 мл.
Во сад скршете ги јајцата и лесно разматете ги (а и не мора) додадете ги двете врсти на брашно измешани со пецивото, зејтинот, водата, сирењето, овкусете на сол, измешајте - добиената смеса истурете ја во подмачкано со зејтин плекче, посипете со микс од семиња, ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени.
Напомена
- Во оваа пита наместо сирење можете да ставите ситно сецкан праз, може и комбинација - праз и сирење, може спанак, може да посипете со било какво семе или микс на семиња... тоа ваш избор.
- Јас питата ја печев во мала Ростер тава, не ја подмачкував со зејтин и висината на истата е таа што ја гледате, доколку сакате пониска - тогаш ставете во поголема тава.
- Доколку ставите сирење, ако е многу солено - сол нема потреба да додавате, затоа внимавајте на солта.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани