Пита од готови кори со сирење и спанаќ
Кога ви се јаде пита, а немате многу време да месите, тогаш еве еден одличен рецепт со готови кори.
1. Најпрво го чистиме спанаќот, го обаруваме и откако ќе олади, ја додаваме изварката.
2. Во подлабок сад мешаме кисела вода, масло и прашак за пециво. Започнуваме со правење на корите.
3. Земаме една кора, ја премачкуваме со смесата од масло, вода и пециво и од горе ставаме уште една кора и неа ја премачкуваме, па ставаме од филот со спанаќ и изварка. Најпосле ги виткаме корите како ролат. Истата постапка ја правиме со сите кори, додека не ги потрошиме.
4. Така добиените ролати ги премачкуваме со јајце, наросуваме со сусам и печеме додека не поруменат убаво. Откако се готови ги премачкуваме малку со путер, додека се топли, да омекнат малку.
Совршена идеја за појадок, со една чаша јогурт.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови