18
јун
2021
Риба на скара со зеленчук (писа)
Подготовка:
1. Рибите се чистат, убаво се мијат и се посолуваат со сол, бибер и мајчина душичка. Треба да отстојат 30 мин, потоа убаво пак со рацете се тријат рибите и се премачкуваат со масло. На загреана скара која е подмачкана со масло се ставаат рибите и на тивко се печат. Додека се печат се прскаат со бело вино. Се печат од едната страна потоа и од другата страна.
2. Зеленчукот се сечка посолува и истиот се става на скарата и се печи напоредно со рибите. Се добива фантастичен вкус измешан со рибата, виното и зачините. Месото од писата е вкусно, иако има ситни коски. Нас ни овозможи посебно, вкусно задоволство.
Лиценца: Сите права се задржани