Подготовка:

1. Најпрво компирите ги лупиме и ги ставаме да се сварат. Потоа ги цедиме од водата и ги пасираме. Додаваме сол, мешан сув зачин и бибер (по вкус).
2. Квасецот го активираме со шеќерот, млекото и 1 м.л. брашно.
3. Во длабок сад за месење ги ставаме јајцето, пирето, активираниот квасец, павлаката, маслото, па на крај брашното (по потреба), до замесување на меко, нелепливо тесто. Тестото го оставаме на топло место да стаса.
4. Потоа на намрсена работна маса го расукуваме во правоаголна форма, која ја сечеме на 20 коцки (видете додатна слика, тие 10 коцки ги сечеме на пола за да добиеме 20). На секоја коцка ставаме од урдата и завиткуваме пирошка, која убаво ја затвораме на краевите. Формираните пирошки ги редиме во намрсен сад и ги покриваме со крпа да не се сушат. Почнувајки од првата ги валкаме, прво во јајце разматено со вилушка, па во мешавина од презла и сусам.
5. Сега го уклучуваме маслото да се загрее (на умерена температура). Ги пржиме, почнувајки од првата. Испржените пирошки ги вадиме врз хартиена салфета.

Забелешка - филот одредете го по ваш вкус. Шунка, кашкавал, кисели краставички и слично.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани