30
мар
2012
Пирошки од леб
Лебот го кршиме на ситни парчиња и му го тураме млекото/водата да омекне.Оставаме да покисне околу 10 15 минути. Во меѓувреме ги сечкаме саламата и кашкавалот или рендаме.Јајцата ги матиме со виљушка. Лебот го замесуваме малку па потоа му ги додаваме јајцата, саламата и кашкавалот. Ставаме и презла и убаво месиме да се добие смеса од која може да се формираат пирошки. Пирошките ги валкаме во презла и пржиме во загреано масло малку да заруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови