Испечати

Пирошки од леб

Пирошки од леб

Состојки

  • 1 бајат леб
  • 2 јајца
  • 100 грама кашкавал или сирење
  • 100 грама салама
  • 50-100 милилитри млако млеко или вода
  • 100 грама презла

Подготовка

Лебот го кршиме на ситни парчиња и му го тураме млекото/водата да омекне.Оставаме да покисне околу 10 15 минути. Во меѓувреме ги сечкаме саламата и кашкавалот или рендаме.Јајцата ги матиме со виљушка. Лебот го замесуваме малку па потоа му ги додаваме јајцата, саламата и кашкавалот. Ставаме и презла и убаво месиме да се добие смеса од која може да се формираат пирошки. Пирошките ги валкаме во презла и пржиме во загреано масло малку да заруменат.