
Пире со роло ослиќ филети
Роло филетите кратко се пропржуваат од двете страни.
Се додава зеленчукот исецкан на ситни коцки.а потоа и водата , оцедот и соја сосот.
Зачинете.
Се динста 10 до 15 минути.
Можете да го служите со зеленчукот, а јас го служев со пире.
Пирето го подготвив на следен начин.
Варените компири ги ставив во блендер и додадов околу 100 гр млеко,.
Ги испасирав добро со блендерот и ги вратив во тавата каде додадов млеко по потреба на густината на пирето.
Зачинив со мешан зачин и црн бибер.
Додадов една лажица стопен маргарин и едно матено јајце, па промешав на оган уште 5 минути да стане убава хомогена смеса.
Служете топличко.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови