19
авг
2011
Пире од спанаќ
Чекор 1 - Исчистениот спанаќ убаво се мие.
Чекор2 - Се загреваат 2 литри вода и во неа се спушта спанаќот, се посолува и се остава да се вари неколку минути. Потоа се цеди и се сечка ситно.
Чекор 3 - Во тенџере се загрева маст или путер, се додава брашното, исецканиот лук и убаво се меша.
Чекор 4 - Потоа се додава спанаќот и сè заедно се пропржува, се додава млекото, црниот пипер и се остава уште извесно време да се вари.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови