![Пилешко со компири](https://moirecepti.mk/content/uploads/2012/04/DSCF2240.JPG-9376.jpg)
9
апр
2012
Пилешко со компири
Кромидот ситно го сецкаме и го пржиме во тава со загреано масло. Ги додаваме печурките. Стекот го сецкаме на парчиња и го додаваме во тавчето и го пржиме. Кога убаво ќе се испржи ја додаваме супата, додаваме една чаша вода и убаво промешуваме. Ја додаваме и павлаката. Компирите ги сечиме на половинки и ги редиме во тавче. Ги потураме со масло и наросуваме бибер. Од горе ја додаваме смесата со пилешкиот стек и најгоре рендаме кашкавал. Пилешкото со компири го ставаме да се печи.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови