Пилешко со банани во кромид
Пилешките копани ги засекуваме, ги посолуваме и наросуваме со црн пипер и масло. Ги ставаме да се печат во рерна на 200 степени 45 минути. Главиците кромид ги сечеме на тенки кругови. На оган ставаме тава за пржење и во неа го ставаме путерот да се растопи. На растопениот путер го ставаме кромодот да се пржи. Откако кромидот ќе омекне, го посолуваме и наросуваме со мелен црн пипер. Промешуваме со лажица. Бананите ги лупиме и ги сечиме на поголемеи парчиња. Парчињата банани ги додаваме во тавата со кромидот да се пржат. Бананите ги превратуваме, но внимаваме парчињата да останат цели.Откако парчињата банани ќе поруменат тавата ја тргаме од оган.
Сервираме се заедно и послужуваме додека е топло.
Добар апетит!
Лиценца: Сите права се задржани