2
окт
2020
Пилешки стек во сос на басмати ориз
Подварете го стекот, па исечете го на коцки.
Ставете го во тава со многу малку масло да се запржи заедно со исечканиот кромид и тиквичката исечкана на мали коцки.
Во меѓувреме ставете го оризот да се свари во посолена вода според упатството (да се вари максимум 20 минути).
Откако ќе запржи се и тиквичката ќе омекни додадете ја водата, павлаката и зденките.
На крај зачинете и посолете.
Мешајте до посакуваната гусина на сосот и тргнете од рингла.
Послужете топло.
Лиценца: Сите права се задржани