Пилешки стек во крем супа
Печурките се мијат и се ставаат да зовријат во длабок сад заедно со солта. Вријат околу 5 минутки и се цедат од водата. Се оставаат да изладат и потоа се сецкаат на парчиња.
На страна го сецкаме стекот на коцкички и го валкаме во крем супата. Така пвалканиот стек го пржиме во врел зејтин.
Пржиме додека не заруменат стекчињата и ги вадиме на страна во друг сад. Во истиот зејтин го пржиме кромидот ситно исецкан, а потоа ги до даваме печурките и запржуваме околу 15 минутки на тивок оган.
Назад во тавата ги враќаме претходно испржените стекчиња и нив ги пропржуваме уште 5 минутки за смесата да се изедначи. Додаваме вода и оставаме да покрчка. Врие уште 10 минути на тивко. Така приготвеното јадење е готово за сервирање.На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
а за јадење, нема да се бунам ако ми го спремат :) :) :) :)