Насечете ги пилешките гради на коцки, исто така кромидот насецкајте го на ситно, морковот на кругови. Печурките ако се пресни насецкајте ги на ливчиња, а ако се маринирани исплакнете ги со студена вода.
Во експрес лонецот ставете го кромидот, морковот, коцките од пилешките гради и додајте го маслото. Пропржете ги малку, околу 10-сетина минути, зачинете со сол, бибер, црвена пипер и лукчето, па додајте ги печурките и пропржете уште малку /2-3 минутки/. Додајте околу 100-150мл вода, и затворете го лонецот.
Оставете го да вари околу 15-стина минути.
Исклучете ја ринглата и оставете го лонецот сам да го испразни притисокот што се створил во нег, но ако ви се брза може да го испразните сами.
Целата содржина префрлете ја во друго тенџерче, додајтеја павлаката за готвење и загрејте ја содржината до точка на вриење на тивок оган, па варете усте околу 5 минути за да се згусне содржината усте повеќе.
Овој сос со пилешки гради го комбинирам со варена тестенина со јуфки, макарони,шпагети.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор