Пилешки гради во сос од павлака за готвење
Состојки
- 250-300гр пилешки гради
- 1 малку поголем морков
- околу 200гр печурки/јас користев маринирани,може и свежи/
- 1/2главица кромид
- малку/прстофат/ црн бибер
- по вкус сол
- малку/на врвот од ножот/ црвена пипер-може и да се изостави
- по вкус лукче-може пресно, а може и во прав
- околу 350-400 мл неутрална павлака за готвење
- сосем малку/околу 100м/ масло
Подготовка
Насечете ги пилешките гради на коцки, исто така кромидот насецкајте го на ситно, морковот на кругови. Печурките ако се пресни насецкајте ги на ливчиња, а ако се маринирани исплакнете ги со студена вода.
Во експрес лонецот ставете го кромидот, морковот, коцките од пилешките гради и додајте го маслото. Пропржете ги малку, околу 10-сетина минути, зачинете со сол, бибер, црвена пипер и лукчето, па додајте ги печурките и пропржете уште малку /2-3 минутки/. Додајте околу 100-150мл вода, и затворете го лонецот.
Оставете го да вари околу 15-стина минути.
Исклучете ја ринглата и оставете го лонецот сам да го испразни притисокот што се створил во нег, но ако ви се брза може да го испразните сами.
Целата содржина префрлете ја во друго тенџерче, додајтеја павлаката за готвење и загрејте ја содржината до точка на вриење на тивок оган, па варете усте околу 5 минути за да се згусне содржината усте повеќе.
Овој сос со пилешки гради го комбинирам со варена тестенина со јуфки, макарони,шпагети.