Пилешка кашеста чорба
Оваа чорба, со нејзиниот прекрасен вкус, заслужува да ја пробате. Идеална е за овој период. Ова е мојот начин на подготовка.
1. Пилешкото месо (по избор) се вари во посолена вода. Потоа го чистиме и цепкаме месото на мали парчиња. Бујонот го процедуваме.
2. Во тенџере на средна температура ги ставаме маслото и путерот, мешаме додека да се растопи путерот. Го додаваме брашното и го запржуваме неколку минути додека да смени боја.
3. Потоа ја намалуваме температурата и додаваме на 2-3 пати од бујонот, со постојано енергично мешање со рачна маталка (внимавајте да не ви се направат грутчиња, но доколку сепак се случи тоа, процедете ја оваа течност преку цедалка во друго тенџере).
4. Во длабок сад ги ставаме жолчките, киселото млеко и млекото. Мешаме со рачна маталка. Тука ги додаваме останатите 100 мл бујон (топол) и мешаме со маталката. Оваа смеса сега ја додаваме во тенџерето полека во тенок млаз и притоа мешаме со маталката. Ја појачуваме малку температурата и мешајќи оставаме да врие 4-5 минути кашата. Посолуваме, додаваме црн бибер, магдонос (сув или свеж) и лук (јас ставив во прав). На крај го додаваме пилешкото месо. По желба додадете сок од пола лимон.
Послужуваме топло.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани