Ставете ја ржта од вечер во вода да одстои 12 саати, потоа сварете ја 20 минути.
Во тава запржете го ситно исечканиот кромид, додадете го оризот и сварената рж.
На крај додадете ја павлаката, зачинот и куркумата.
Налејте топла вода и печете во загреана рерна на 200°, 25 минути, додека не порумени.
Добар апетит!
Јас понекогаш ржта ја оставам подолго да отстои во вода и не ја варам...ова јадење може да биде и прилог со некое печено месо....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови