Прво на загреано масло се пропржува кромидот, се додава морковот, лутата пиперка, па тиквето. Се запржуваат 5 минути.
Се додава пилешкото измиено и исчистено од жилички дропче.
Се пржи се додека не испари течноста, па се додава еден излупен и исецкан домат или 100 мл доматен сос.
Се динста уште 5 минути.
Се наросува со бибер, сол, зачин, магдонос, оригано.
Се служи со пржен компир.
Брз и лесен ручек.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани