Пикантна боранија со зеленчук и пилешко
1. Боранијата ја чистиме и ги отсекуваме краевите. Ја сечеме на одредена големина. Кромидот, морковот и останатите зеленчуци исто така ги миеме и ги сецкаме во сецкото од Делимано. На загреано масло во висока тава го запржуваме зеленчукот. Прво оди кромидот, а потоа кога ќе ја добие неговиот стаклен изглед, додадете го остатокот од зеленчукот. Пржете па доставете ја боранијата и продолжете со мешање.
2. Пилешкото месо е веќе варено во солена вода. Извадете и исчистете го од коската. Така чистеното месо додадете го во садот со зеленчукот.
3. Оризот миен и чист префрлете го кај остатокот од состојките, па зачинете со мешан зачин и сол. Зачинете со мелен црвен пипер. Пропржете уште кратко па додајте од водата во која го варевте месото и оставете да се свари . Варете на потивко со повремено мешање заради оризот.
Штом е варено и оризот си ја примил водата, префрлите во тава.
Ако сакате посуво ставете ја тавата да се потпече. Ако сакате како мене по чорбесто, тогаш служете веднаш.
По мој вкус,ј ас ова чили пиперчево го ставам секаде. Ете ...омилено ми е.
Ако сте обожавател на боранија, еве го вашиот денешен ручек.
На здравје.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови