Од кога им ветувам на децата дека ќе правиме пенасти бонбони, па еве дојде и тој час.
Радостии!!! Што да ви кажам!!! Не им се веруваше...Им стававме различни бои, различни вкусови...Ем се занимававме ем потоа се сладевме!
Ние празнично ги подготвивме, па еве да го споделам рецептот со сите вас!
Може да ви послужат за подарок, едноставно ставете ги во кеса, завиткајте машна или пак во некоја декоративна тегличка.

Подготовка
1. Во половината од водата ставете го желатинот да се раствори.
2. Остатокот од водата заедно со шеќерот ставете го да врие на средна температура околу 10 минути.
3. Откако ќе се згусне го тргаме од рингла и ги додаваме желатинот и солта, соединуваме.
4. Смесата ја префрламе во друг сад во кој ќе ја матиме или пак може и директно во тенџерето.
5. Додаваме прехрамбена боја по желба, најпрво помалку за да ја добиеме посакуваната нијанса и матиме околу 10 минути или се додека да ни се дуплира смесата.
6. На смесата која веќе станала пенаста и додаваме екстракт по вкус, ја промешуваме со миксер.
7. Во меѓувреме додека шербетот ни вриеше подготвуваме тавче кое го обложуваме со најлонска фолија и го посипуваме со половина од просеана мешавина од шеќер во прав и густин.
8. Откако смесата ја обоивме, се згусна и и додадовме екстракт, веднаш ја распоредуваме во тавата измазнуваме и го одложуваме тавчето да отстои, најдобро е 24 часа на собна температура.
9. Потоа на даска за сечење повторно просејуваме од мешавината од шеќер во прав и густин, го превртуваме тавчето да ни легне зацврснатата смеса.
10. Сечеме со намрсен нож парчиња по желба, па секое парче го валкаме во мешавината од густин и шеќер.
11. Ги одложуваме во метална кутија или херметички затворена тегла.

Забелешка
Интензитетот на боите сами ќе си го создавате во зависност од тоа дали ќе користите прехрамбени или гел бои.
Ние за бонбоните користивме боја во прав, за жолтите вкус на банана, за зелените ментол, а за розевите јагода. Можете и сите да ги направите со ванила екстракт.
Од состојкиве што се напишани излегува една доза како што е на дополнителните фотографии. Значи ние подготвивме три дози.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани