Ретко кој може да одолее на пекарски компир, па и ние...секако.

Подготовка
1. Ставаме во тенџере вода со малку сол да зоврие.
2. За тоа време ги приготвуваме компирите, ги лупиме, миеме и сечеме на помали парчиња.
3. Ги ставаме во зовриената вода (која сега ќе престане да врие-ама кратко) и ги вадиме кога повторно ќе зоврие водата.
4. Ги ставаме во цедалка да се исцедат убаво.
5. Го префрламе во тавче за печење каде сме ставиле хартија за печење.
6. Ставаме врз нив зејтин (пообилно) и зачини по желба, јас ставив сол, мешан сув зачин, црвен пипер и црн пипер ( може да ставите куркума, сусам, лук во прав...)
7. Мешаме додека да се соединат убаво состојките, најубаво е со раце ако не ви е многу жешко.
8. Печеме околу 40-на минути на 250 степени.

Состојките секако се променливи, односно во зависност од тоа колку количински би сакале да направите толку компири ќе искористите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови