Најпрво го ставаме квасецот во топла вода да омекне. Потоа го ставаме во длабок сад за месење. Ги тураме млекото(млако),шеќерот, солта и 12 лажици брашно. Се се меша да се добие убава смеса и се остава тестото да надојде. Потоа му го тураме маслото, јајцата и останатото брашно. Се меси тестото и се расукуваат кори. Од корите сечкиме триаголници и ги виткаме во форма на кифлички. Се ставаат во плех намачкан со маргарин и се печат да заруменат убаво од сите страни на 250 степени. Откако ќе ги испечеме се мачкаат со маргарин или масло.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови