Млекото во прав го приготвуваме во сад со замлачено млеко и мешаме со жица.

Го додаваме квасецот и путерот и повторно мешаме додека состојките не се растопат.

Брашното го посолуваме додаваме 2-3 лажици масло, ја додаваме смесата од садот и замесуваме тесто.

Оставаме да стасува 15мин.

Го размесуваме па го сечеме на еднакви дела и формираме топчиња. (Колку зависи од големината на топчето, јас го исеков на 7 топчиња).

Оставаме да стасаат 30мин.

Ги мачкаме со јајце и ги печеме на 200 степени додека заруменат.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови