Пачавуре - Албански десерт
Прво двата портокaли ги ставаме во сад со вида во која сме додале сода бикарбона. По 30 минути портокалите ги миеме и кората ја рендаме. Оставаме на страна.
Плехот од рерна го премачкуваме со путер. На дното ставаме една цела кора како подлога. Секоја следна кора ја виткаме нежно како ружичка. Јас добив три реда по пет ружички.
Во сад ги соединуваме јајцата и шеќерот. Додаваме масло, кисело млеко, кората од портокал и густин.
Оваа смеса ја нанесуваме рамномерно низ плехот. Ја протресуваме тавата за да може смесата убаво да навлезе во корите. Наросуваме мелени ореви.
Се пече во загреана рерна на 189, степени 35-40 минути во зависност од рерната.
Ќе забележите дека е печено по рабовите, ќе се одовојуваат од плехот. Оставаме да се олади, а во тоа време го приготвуваме шербетот.
Во сад го ставаме сокот од портокал, водата, шеќерот и вариме 6-8 минути на тивко.
Оладениот десерт го сечеме на коцки и го прелеваме со шербетот.
Оставете да одстои 2-3 часа пред послужување.
Шољата е 250мл.
Vo sostojki ne mozam da koregiram
Treba da stoi 6 jajca, da Se dodade ako moze od redakcijata
Vo momentov go podgotvuvam i slucajno zabelezav
No ovoj pat kupiv krem karamel od Albanija i so nego ke go podgotvam denes