Паунова опашка
Во длабок сад ги матиме јајцата и шеќерот, потоа додаваме брашно и пециво. Го ставаме во тавче обложено со хартија и печеме на 200 степени. Готовиот пандишпан го премачкуваме со пекмез и замотаме во ролат.
За крем.
Во еден дел од млекото го раствараме пудингот во друг го ставаме шеќерот. Кога ќе зоврие вариме пудинг, во топло ја додаваме чоколадото, а кога ќе се олади кремот го соединуваме со маргарин. Оставете две цели обланди, а другите исечете на ленти по потреба. На една цела обланда ставете од филот и и намачкајте ја целата, па потоа на средина ставете го ролатот, а од страните редете бисквити, ред фил, па ленти од обланда, фил бисквити и така до крајот во висина на ролатот.
На крај треба да дојде фил намачкајте и преку ролатот и одозгора ставете ја целата обланда и претиснете со нешто да ја држи залепена горната обланда и оставете во фрижидер добро да се олади и кога е оладено пресечете преку средината на ролатот, а потоа сечете парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови