20
јул
2018
Парфе од бело чоколадо со желе од малини
Декоративен, вкусен десерт.
Пробајте го
Во касерола на оган ги ставаме малините, шеќерот, лимоновиот сок да зовријаат. Во водата го раствораме густинот и него го додаваме во касеролата. Вариме до згуснување. По желба може и да го процедиме за да нема семки од малините.Ја распоредуваме смесата во 4 чаши на дното.
За белио дел, го растопуваме белото чоколадо, Во сад ја матиме слатката павлака со шеќерот,до средна густина, па додаваме крем сирење. На крај додаваме бело чоколадо и соединуваме.
Сервираме врз малина делот во чашите.Оставаме да се излади, па декорираме со нане и малини и послужуваме
Лиценца: Сите права се задржани