Сите состојки кои се за премачкување (освен пармезанот) ги соединуваме и промешуваме. Ги оставаме 10-15 минути да отстојат. Го ставаме потоа пармезанот во смесата и промешуваме. Додека смесата отстојува ние го припремаме филот. Шунката и кашкавалот ги сечкаме на коцки па ги соединуваме со киселата павлака. Првите четири кори ги премачкуваме со смесата со силиконска четка и ги ставаме една врз друга. На последната пета кора која исто така ја премачкуваме, го ставаме и филот, на одредено растојание по две лажици од филот. Преклопуваме за да добиеме правоаголник, кој го сечеме на четири дела за да добиеме коцки. Ги редиме во намрсено тавче. Така и со останатите кори. Коцките ги премачкуваме со разматено јајце и ги посипуваме со сусам.
Забелешка
Ако ви се многу тенки корите може и по 5-6 да одат во еден правоаголник.