Пандолети
Јајцата изматете ги со шеќерот, со миксер додека шеќерот се стопи и јајцата добијат бледо жолта боја,како за торта. Додајте ја кората од лимон, рум, ванилин шеќер, бадемите, пецивото и уште еднаш измиксајте кратко колку да се спои. Полека додавајте од брашно мешајќи со лажица. Кога тестото почнало да се собира по лажицата извадете го на набрашнета работна маса. Додавајте брашно колку да се спои смесата. Како за кекси.
Од смесата формирајте облик во вид на салама.
Ставете ја на хартија за печење.
Печете во загреана рерна на 180 степени 25-30 мин. додека порумени и има кафенкаста боја. Првите 15 мин. не отварајте ја рерната бидејќи тестото може да спадне. Уште топло сечете со остар нож коси или прави кришки. Кога ќе се олади нема да можете да сечете. Оставете ги да се оладат,соберете ги и чувајте ги во добро затворена кутија.
-Слични се на БИСКОТИ.
-Брашното варира по потреба,во зависност колкави се јајцата.
-Наместо бадеми може да се стави некое друго јаткасто овошје -0или кокос,афион,кандирано овошје,чоколадо на коцки,....
-Може да се извалка во прав шеќер или стопено чоколадо.
-Бадемите може да ги оставите со лушпа или да ги излупите.
-Тврди се,Може да ги топите во топло чајче,кафе или млеко...
-На сликата е половина доза...
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
не се јадат, се ништат, ждерат, само да крцка :) :) :) :)
бети, фотките од рецепт на рецепт се подобри и подобри. БРАВО!!! :)