5
мај
2021
Палачинки со фил од пржени јаболка
Подговотвка:
1. Во една касерола ставаме путер и масло од семки од грозје. Додаваме шеќер, цимет, коњак, рендани јаболка, кои претходно малку со рацете сме ги истискале, за да го исцедиме сокот.
2. Ги пржиме на тивок оган околу 10 минути. Оставаме да се изладат. По желба додаваме сува брусница или суво грозје. Палачинките ги пржиме по сопствен рецепт. На секоја палачинка ставаме полна лажица фил.
3. Завиткуваме како бовча, со трака од јаболко. Декорира е со изматена шлаг пена и карамел.
Сервираме и уживаме.
Лиценца: Сите права се задржани