Палачинки со тостирано киноа брашно
Подготовка
1. Брашното од киноа го распоредуваме рамномерно на плех обложен со хартија за печење. Печеме во загреана рерна на 150 степени 30-35 минути. На секои 10-15 минути го вадиме плехот и го промешуваме брашното. Ова може да го направите и во тава на рингла, но мислам дека вака е порамномерно и помали се шансите да изгори брашното. Овој чекор може и целосно да се прескокне, но палачинките се многу повкусни вака. Се губи силниот специфичен мирис на киноа.
2. Откако ќе се олади брашното го мешаме со пецивото и содата.
3. Во посебен сад ја додаваме бананата, јогуртот, разматеното јајце, медот и бадемовото млеко. Доколку користите павлака може ќе биде потребно да се додаде малку повеќе бадемово млеко. Смесата треба да биде многу густа, но течна.
3. Брашното го додаваме кај течните состојки и мешаме со лажица убаво до целосно соединување. На крајот додадете ги чоколадните капки (доколку користите).
4. Ги пржиме палачинките на нелеплива тава, премачкана со малку масло. Отприлика две минути од едната страна, една минута од другата.
Одлични се со било каков фил/додаток. Бидејќи ставив чоколадни капки, вкусни беа и без фил или само со свежо овошје. Одлична комбинација е и путер од јаткасти плодови. Од оваа доза излегуваат 10-12 помали палачинки. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани