Подготовка

Во длабок сад, ставете ја киноата со вода да отстои околу 2 часа.

Потоа, во еден сад заедно со процедената киноа, ставете ги сите наведени состојки за тестото и изматете убаво со миксер. Можете да додадете прехрамбена боја по желба.

Во соодветна тава, печите ги палачинките од двете страни.

Премачкајте ги со мешавина од таан, мед, мелени лешници. Овде додадете банана на парченца.

Во неколку палачинки ставив џем од смокви со малку мелени лешници, исто така беа вкусни.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани