Во палстичен сад ги матиме со жица јајцата, маџунот и солта, па го додаваме брашното и путерот и матиме додека не добиеме мазна смеса. Додаваме вода по потреба.
Ги пржиме палачинките и секоја ја премачкуваме со маџун и ја виткаме во тријаголник и ја сервираме со сецкани ореви, зрна калинка и чоколаден прелив.
Поради маџунот палачинките имаат специфичен вкус на карамел.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови