Подготовка

1. Брашното од наут го мешаме со пецивото во подлабок сад. Го додаваме бадемовото млеко на неколку пати, постојано мешајќи. Додаваме јаворов сируп и јаболков оцет. Мешаме убаво со жица, да не останат грутчиња.

2. Ги печеме на загреана нелеплива тава за палачинки. По потреба може тавата да се премачка со малку масло. Јас ставав по 2-3 лажици од смесата за една палачинка. Две минути од едната, потоа уште една минута од другата страна.

Смесата е доста густа. Доколку сакате потенки палачинки, ставете повеќе бадемово млеко. Палачинките се превкусни, меки и воздушести, додека се топли. Се стврднуваат кога ќе се оладат, но мене ми се допаѓаа и такви. Како и сите палачинки, изборот за филување е бесконечен. Мене ми беа совршени со јаворов сируп и свежо овошје.
Од оваа доза излегуваат 10-12 подебели палачинчиња.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани