14
окт
2022
Палачинки од тиквичка и компир
Подготовка:
1. Изрендајте ги тиквичките и компирите, посолете ги и откако ќе пуштат вода исцедете ги.
2. Додадете ги останатите состојки, од кои сол по вкус и некој зачин како малку пимент кај мене и наместо сол мешан сув зачин и малку оригано. Кромидот и лукот одат по едно, но и повеќе спрема вашиот вкус.
3. Вака измешаната смеса се печи во тавче како палачинки, при што секоја печена веднаш додека е топла ја премачкуваме со путер.
Предлог за послужување
Наполнете со шунка, авокадо и кашкавал и ставате ја во микробранова кратко колку да се стопи кашкавалот.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови