Палачинки во грне
Иако не се во грне, ами во земјени садови, името го задржувам такво какво ќе го сретните и по некои од битолските пица ресторани. А ова е моја импровизација за нив.
Кашкавалот и сувомеснатото исечкајте ги или изрендајте ги.
Ако сатавате по две палачинки секоја пред да ја ставите една врз друга попрскајте ја со кечап. Потоа во средината ставете од сечканите сувомеснати, кашкавал и шампињони. Додадете сол (доколку сметате дека е потребно) и оригано, па завиткајте ја палачинката во ролна.
Ако се тенки палачинките ставате по две во ролна, а ако се подебели по една. Во секој долгунест земјен сад се ставаат по две ролни.
Помеѓу секоја палачинка вметнете по некое парче кашкавал, салама, печурки и на крај насекаде полејте со доматниот сос или пире.
Најгоре ставете повторно кашкавал и наросете оригано.
Ставете ги во микробранова на најсилно 15 минути. Послужете.
Лиценца: Сите права се задржани
хаха ме нема последно време баш многу овде, ама чинам дека овој единствен мој рецепт не влезе ни во албумот за рецепти со палачинки :)