Рибата се сече на парчина, се соли и се остава неколку часа да прими од солта. Потоа се набрашнува и се пржи во загреано масло. Испржена ставете ја во чинија.
Во истото масло од рибата додајте го кромидот. Додајте и една чаша вода и пржете- динстајте го додека омекне. Посолете по вкус. Додајте ги сувите пиперки исецкани на парчиња, оризот и пиперот и измешајте ги.
Смесата ставете ја во помало плехче, израмнете ја и налејте ја со 4 филџани вода. Наредете ја рибата и ставете го да се потпече во загреана рерна на 200 степени околу 30 минути или додека испари водата и се свари оризот.
Послужете го топло со лепче.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани