Лесен и брз рецепт, се погоди и посен иако ние не постиме. Нагласив дека е за претеински ден од познатаа ундиета за да помогнам некому со идеја за оброците.
Моите другарки ослабеа по 7-10 кг со оваа диета. Без гладување е и се јаде се, само распоредено по денови.

Во ростерот или сад со капак сипете го доматниот сос, врз него ставете ги парчињата ослич, сецканиот кромид, лук и ловоровиот лист. Покријте со алуминиумска фолија или капак и печете 20ина минути на 200 степени. Тргнете го капакот и печете уште 10ина минути да се подзапече осличот.

Едноставно, а толку вкусно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани