Испечати

Ослич во сос од домати - ундиета, протеински ден (посно)

Ослич во сос од домати - ундиета, протеински ден (посно)

Состојки

  • 4 парчиња ослич (може и со коска)
  • 500мл доматен сос
  • 1-2 главици кромид
  • неколку ливчиња ловоров лист
  • 7-8 чешниња лук
  • малку бело вино и вода
  • сол, бибер и зачини по желба (магдонос, мајчина душичка, кориандер)

Подготовка

Лесен и брз рецепт, се погоди и посен иако ние не постиме. Нагласив дека е за претеински ден од познатаа ундиета за да помогнам некому со идеја за оброците.
Моите другарки ослабеа по 7-10 кг со оваа диета. Без гладување е и се јаде се, само распоредено по денови.

Во ростерот или сад со капак сипете го доматниот сос, врз него ставете ги парчињата ослич, сецканиот кромид, лук и ловоровиот лист. Покријте со алуминиумска фолија или капак и печете 20ина минути на 200 степени. Тргнете го капакот и печете уште 10ина минути да се подзапече осличот.

Едноставно, а толку вкусно.